Кутињо уште еднаш покажа дека не сака да се врати во Барселона

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо летово пристигна во Баерн на позајмица од Барселона.
Кутињо е најскапото засилување на Барса во историјата, но тој не се докажа на „Камп Ноу“ и клубот реши да го испрати на позајмица во Баерн ова лето. На бразилецот не му оди многу добро во клубот од Минхен, но тој е сигурен дека ќе се подобри како што напредува сезоната.
Овој играч од средниот ред досега постигна три гола за Баерн оваа сезона, но сè уште не покажа што може да направи со неговите игри. Сепак, Кутињо е многу среќен со клубот од Минхен.
„Се чувствувам добро тука и сум среќен. Планот е да останам овде оваа сезона и јас сум фокусиран на тоа. Сè ми одговара овде и не кријам дека би сакал да останам во Баерн повеќе од една сезона“, рече Кутињо.
Баерн во моментов минува низ бурен период откако неодамна беше отпуштен Нико Ковач. Клубот сè уште не донесе нов тренер, а шансите се дека тоа ќе се случи во јануари. Тимот во моментов е предводен од Ханси Флик, кој направи некои измени во тимот.
„Ние го разбираме неговиот стил на тренинг и играме добро. Работите се одвиваат добро и што е најважно од тренерот донесе нешто ново. Чувствувам дека сум важен дел од тимот, но има уште многу да се направи“, додаде Бразилецот.
Јасно е дека Кутињо на секој начин се обидува да им покаже на челниците на Баерн да го откупат неговиот договор следното лето, бидејќи не сака да се врати во Барселона.



