Connect with us

Фудбал

Кутињо замина, но што е со Феран Торес?

Барселона е во голема криза.

Освен што одамна работите не изгледаат најдобро на теренот, што се потврди и со синоќешното реми против Гранада (1:1), многу работи финансиски и административно не се во ред.

Имено, Феран Торес оваа зима беше доведен од Манчестер Сити за 55 милиони евра, а на 3 јануари и официјално беше претставен на Ноу Камп како нов играч на каталонскиот тим.

Сепак, овој 21-годишен офанзивец се уште не е пријавен, а ниту заминувањето на Кутињо не создаде услови за тоа. За се зборуваше и директорот на Барселона, Матеу Алемани.

„Сеуште не можеме да го регистрираме Феран Торес, позајмицата на Филипе Кутињо во Астон Вила не е доволна. Меѓутоа, сега е во тек друга операција за регистрација на Феран, преговорите се во тек“, истакна тој.

Дали и кога поранешниот играч на Валенсија ќе добие право да игра за Барселона, останува да видиме.

За Сити, тој постигна 16 гола на 43 натпревари во сите натпреварувања, но никогаш не беше во потесните планови на Пеп поради бројните напаѓачки опции што ги имаше Гвардиола.

Реклама

Facebook

Реклама