SportM
Ракомет

Кузмановски верен на Пелистер! (ВИДЕО)

Редакција19 јун 2026
Кузмановски верен на Пелистер! (ВИДЕО)

Капитенот на Еурофарм Пелистер Филип Кузмановски ќе остане во Битола и ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер и во следната сезона. Капитенот на клубот и на македонската репрезентацијата останува две сезони, иако имаше понуди кариерата да ја продолжи во странство.

По завршувањето на домашното првенство Кузмановски беше на „позајмица“ во Кувајт Клуб и настапи на азискиот шампионат. Останувањето на Кузмановски секако ќе голем плус за новиот тренер Лино Червар, за претстојната сезона каде битолчани имаат големи амбиции пред сè освојување на шампионската титула. Кузмановски се врати во Еурофарм Пелистер на 2023 година. Тој има настапувано во Македонија во редовите на Металург, а во странство во екипите од Бундес лигата: Магдебург, Хановер и Вецлар.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.