Connect with us

Фудбал

Ла Лига ангажираше професионалец кој одлучува за казната за Белингем!

Натпреварот помеѓу Хетафе и Реал Мадрид помина со голема врева, а во центарот на вниманието беа Џуд Белингем и Мејсон Гринвуд.

Белингем беше фатен на камера како Гринвуд во еден момент го нарекува „силувач“, поради што може да биде казнет.

Ла Лига објави дека ќе ангажира професионален читач на усни за со сигурност да ги потврди зборовите на Џуд Белингем.

Различни извори пренесуваат различни информации за потенцијалната казна за Англичанецот доколку се утврди дека тој го нарекол својот сонародник со навредлив термин.

Извесно е дека одлуката нема да биде донесена пред мадридското дерби во недела на „Сантијаго Бернабеу“, но останува да се види дали Белингем ќе биде казнет на почетокот на следната недела и за колку.

Да потсетиме дека Гринвуд беше обвинет за злоупотреба на поранешната партнерка, но судот подоцна ги отфрли сите обвиненија против него.

Гринвуд сепак ја напушти Англија поради огромниот притисок од јавноста, па е на позајмица во Хетафе.