Ла Лига го означи Фати на Твитер, но не сфатија дека објавиле фотографија од погрешен играч

Ансу Фати беше херој на Барселона изминатиот викенд против Леванте (2-1) во натпревар од 22-то коло на шпанската Ла Лига.
17-годишниот фудбалер блесна на „Камп Ноу“ во неделата, постигнувајќи ги двата гола во победата на Барселона. Лионел Меси, кој се чини дека ќе го предаде диригенството на Фати, беше асистент на двата гола.
Но, интересна работа се случи на официјалниот профил на Твитер на Ла Лига. Тие се воодушевени од рекордот на Фати оваа сезона, но направија неверојатна грешка.
При објава на Твитер, објавија фотографија од погрешен играч на Барселона. Тие сакаа да објават фотографија на Фати, но на крајот сепак го објавија Нелсон Семед со опис „Дури ни Ансу Фати не може да веруваа дека тој пишува историја во Ла Лига“.
Сепак, тие брзо сфатија дека направиле голема грешка и го избришале овој пост. Но, некој пред тоа успеа да го забележи чудниот гаф на Ла Лига.
![]()



