SportM
Фудбал

Ла Лига против Корона: На стадион во дрес, туширање дома

Д М21 дек 2021
Ла Лига против Корона: На стадион во дрес, туширање дома

Зголемувањето на бројот на заразени со корона вирусот ширум светот ги принуди челниците на многу натпревари да воведат нови правила, односно да ги вратат старите, од периодот кога кризата со коронавирусот беше на својот врв. Шпанската Ла Лига им испрати препорака на клубовите за однесувањето на играчите пред и по натпреварите и тренинзите.

Играчите нема да користат соблекувални пред натпреварот, ниту ќе се користат за туширање после натпреварот, со цел да се ограничи контактот меѓу фудбалерите и да останат што повеќе на стадионот.

Им се советува да прават се што правеле во екот на пандемијата, кога ќе дојдат на стадионите веќе тренирани за натпреварите, како и да се тушираат дома по завршувањето на натпреварите.

Според новите правила, играчите од првиот и вториот ранг на шпанскиот фудбал мора секој ден кога тренираат или играат натпревари да прават антигенски тест, а по враќањето од одмор за време на празниците задолжително да направат ПЦР тестирање.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.