Ла Лига се извинува на Кина по контроверзите со Мбапе: Ќе ги преземеме сите мерки…

Ла Лига изрази длабоко жалење за изјавите на Килијан Мбапе во врска со мемињата кои го поврзуваат со поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг, што предизвика жестоки реакции во Кина.
Преку официјално соопштение, раководството на шпанското првенство се извини на кинеските граѓани, истакнувајќи ја важноста на врските изградени низ години со спортските институции, преносителите и милионите навивачи во оваа земја.
„Го разбираме предизвиканиот штета и, во име на Ла Лига, искрено сакаме да се извиниме на кинескиот народ“, се наведува во изјавата.

Ла Лига нагласува дека нема да дозволи индивидуален акт да ги оштети односите со Кина и имиџот на првенството, што ги засега повеќе од 20 професионални клубови и милиони домашни навивачи.
„Преземаме сите мерки што ги имаме на располагање и работиме тесно со нашите партнери во Кина за да ја надминеме оваа ситуација“, нагласуваат раководителите.
На крајот, Ла Лига подвлекува дека врските изградени низ годините не треба да се ризикуваат поради еден инцидент.
Станува збор за видео во кое напаѓачот на Реал Мадрид коментира разни интернет мемиња во кои се појавува. Тој споменува дека најсмешното за него е она во кое неговото лице е надредено на телото на човек кого го опишува како „кинески диктатор“



