SportM
Фудбал

Ла Лига се пожали до УЕФА и тврди дека Сити и ПСЖ ги кршат правилата

Д М15 јун 2022
Ла Лига се пожали до УЕФА и тврди дека Сити и ПСЖ ги кршат правилата

По многубројните напади на првиот човек на Примера, Хавиер Тебас на Манчестер Сити и Пари Сен Жермен, на адреса на Европската фудбалска унија пристигна и официјалната жалба на УЕФА против овие два клуба поради прекршување на финансискиот фер-плеј.

Хавиер Тебес веќе подолго време ги напаѓа Манчестер Сити и Пари Сен Жермен, опишувајќи ги како државни клубови, а критиките се засилија кога ПСЖ го задржа Килијан Мбапе со милионски договор, а Сити во своите редови го донесе Ерлинг Холанд.

Реал Мадрид беше заинтересиран за двајцата играчи.

Ла Лига смета дека финансискиот бизнис на овие клубови е нерегуларен, или преку пари директно добиени од спонзори или преку други договори кои не се во согласност со пазарните правила и немаат економска смисла.

„Ла Лига смета дека таквото однесување му штети на целиот фудбалски екосистем и фудбал, на сите европски клубови и лиги и дека служи само за нарушување на пазарот со пари кои не доаѓаат од самиот фудбал“, се вели во жалбата испратена до УЕФА.

Како што се наведува, Ла Лига во април испратила жалба до УЕФА против Манчестер Сити, а пред една недела против ПСЖ.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.