Поврзи се со нас

Фудбал

Ла Република: Луис Суарез не знае ниту еден збор на италијански јазик, однапред знаеше што ќе добие на тестот

Италијанските медиуми утрово објавија дека Луис Суарез мамел на тестот за италијански јазик и дека нема да добие пасош од оваа земја.

Суарез сакаше да добие италијански пасош за да може да потпише за Јувентус и да биде регистриран во тимот како играч од Европа. Сепак, немаше ништо од трансферот иако Суарез пристигна во Перуџа минатата недела да го помине тестот.

Набргу по полагањето, беше објавено дека Суарез го положил тестот за италијански јазик, ниво Б1, и дека може да аплицира за пасош. Сепак, нема ништо од тоа бидејќи беше откриено дека тој мамел на тестот.

Фабрицио Романо утрово објави дека АНСА излезе со докази дека Суарез однапред добил прашања што ќе бидат на тест и дека ќе биде поништен.

Ла Република објави потоа дека уругвајскиот напаѓач воопшто не знае ниту еден збор на италијански јазик, иако неговата сопруга е од Апенините. Затоа, тој ги игнорираше новинарите во Перуџа затоа што не сакаше да се пишува дека не знае да зборува италијански.

“Тој не знае ниту еден збор на италијански јазик. Ако новинарите го прашаа нешто, тој ќе беше изгубен. Можеше да заработува 10 милиони евра годишно доколку го поминеше овој тест, но сега е јасно дека Јувентус заврши добра работа. Тој однапред знаеше што ќе добие на тестот “, пишува Ла Република.

 

Advertisement

Facebook

Реклама