Лајпциг го продава Упамекано, два фаворити за да го донесат
Д М10 јан 2021

Неколку трансфер периоди веќе се зборуваше при заминувањето на Дајот Упамекано од Лајпциг.
Имено, Упамекано важи за еден од најголемите таленти на светот, секако кога станува збор за стоперите, а се очекува да има одлична кариера.
Тој се поврзуваше со голем број клубови, но управата на Лајпциг не сакаше да го продаде во изминатите преодни периоди.
Сепак, сега тие се предомислија. Имено, како што пренесува Билд, управата на Лајпциг е подготвена да продаде една од главните sвезди на клубот.
Два клуба се особено заинтересирани за неговите услуги, а тоа се Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Наводно, двата клуба започнале преговори, а цената на трансферот треба да биде околу 60 милиони евра.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



