Лајпциг ја одреди цената за Вернер
Д М31 мај 2020

Извршниот директор на Лајпциг, Оливер Минцлаф, зборуваше за иднината на германскиот напаѓач.
Вернер е мета на Ливерпул, Баерн и неколку други гиганти, а Минцлаф изјави дека напаѓачот чини 52 милиони фунти.
„Нема да биде поевтин од 52 милиони фунти. Ние нема да продадеме играч под неговата вредност ако тој потпиша договор повеќе од една година“, јасен е Минцлаф.
„Во принцип, секогаш треба да го поставиме следното прашање: дали можеме да го замениме играчот ако го продадеме по цена пониска од неговата пазарна вредност? За тоа размислувам дури откако ќе има конкретни понуди на маса“, рече тој.
Иако Вернер е најблизу до Ливерпрол и Јурген Клоп, неговиот соиграч Антонио Рудигер наводно го убедува да дојде во Челзи.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



