SportM
Фудбал

Ламин Јамал изјави дека заслужува повеќе „Златна топка“ отколку Мбапе, Мурињо изненади со својот одговор

SPORTM.mk14 сеп 2026
Ламин Јамал изјави дека заслужува повеќе „Златна топка“ отколку Мбапе, Мурињо изненади со својот одговор

На конференцијата за печат пред утрешниот натпревар против Елче во Ла Лига, Жозе Мурињо одговори на многу прашања упатени до него и секако не можеше да изостане неговиот одговор во врска со последната изјава на Ламин Јамал.

Напаѓачот на Барселона во неодамнешно интервју за Мовистар, изјави дека тој и Килијан Мбапе се двајцата најдобри играчи во светот. Шпанецот додаде дека тој ја заслужува „Златната топка“ повеќе од Французинот, поради трофеите што ги освои минатата сезона.

Запрашан за оваа изјава на Јамал, Мурињо реагираше многу кусо, поинаку од очекуваното. „Не можам да ги коментирам изјавите на секој. Ги почитувам изјавите на секој играч“, кратко рече „Специјалниот“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.