SportM
Фудбал

Лампард го носи првото засилување од Олд Трафорд

Д М29 јан 2022
Лампард го носи првото засилување од Олд Трафорд

Медиумите во Англија пренесуваат дека прашање на време е кога Френк Лампард ќе стане менаџер на Евертон, но знаат и кое ќе биде првото фудбалско засилување што ќе го донесе.

Станува збор за Дони ван де Бек, фудбалер на Манчестер Јунајтед. Репрезентативецот на Холандија повеќе од една година не е во преден план на Олд Трафорд, па неговата желба да ја промени средината не е изненадување.

Интерес за него овој месец покажаа Кристал Палас и Валенсија, но специјалистот за трансфери, италијанскиот новинар Фабрицио Романо, пренесува дека шпанскиот клуб се уште е далеку од договорот, кој Евертон го искористи.

Де Бек најверојатно би дошол во Евертон на позајмица до крајот на сезоната, но без задолжителен откуп, бидејќи Манчестер Јунајтед не сака да ја стави таа клаузула во договорот за позајмица.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.