SportM
Фудбал

Лампард го сака Иско во Челзи

Д М18 јан 2020
Лампард го сака Иско во Челзи

Суспензијата  од ФИФА заврши а Челзи започна со работа, веднаш да му го даде на Лампард првото засилување.

Една од главните мети на лондонскиот клуб е играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско.

27-годишниот играч продолжува да има лоши односи со лидерите на Мадрид.

Англискиот клуб бара да ја искористи ситуацијата за да го пренесе играчот на „Стемфорд Бриџ“ што е можно поскоро.

За да го убедат Реал Мадрид да го ослободи играчот уште во јануари, газдите на Челзи се подготвени да платат 55 милиони евра за Иско.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.