SportM
Фудбал

Лампард: Не дојдов овде да бидам диктатор

Д М23 ное 2019
Лампард: Не дојдов овде да бидам диктатор

Пред околу десетина дена, во јавноста се појави список на казни за играчите на Челзи кој пред почетокот на сезоната го направи Френк Лампард

Лампард сака сите играчи на лондонскиот клуб да ја почитуваат дисциплината на составот, а секој што ќе ги заобиколи правилата ќе биде строго казнет. На социјалните мрежи се појави фотографија во која се открива какви казни ги чекаат играчите на Челси кои кршат некој од правилата на Лампард.

Младиот англиски тренер реши сериозно да го казни секој пропуст на неговите играчи за да има најдобра можна дисциплина во соблекувалната. Најголемата казна е за оние кои доцнат на тренинг, а чини дури 20 000 фунти.

Откако во јавноста се појавија информации дека Лампард строго ги казнува своите играчи за каков било пропуст, тој решил да излезе и да објасни која е неговата цел.

„Играчите се дел од процесот во клубот. Јас не дојдов овде да бидам диктатор. Ние сме тука да го направиме клубот што е можно поуспешен, а дисциплината е неопходен дел од тоа. Јас разбирам дека може да звучи грубо, но правилата мора да се почитуваат. Никојк не смее да касни на тренинг и тоа е така во секој клуб “, рече Лампард.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.