Connect with us

Фудбал

Лапорта ги разочара навивачите: Барселона нема да ја напушти Суперлигата!

Published

on

Претходните денови, фудбалскиот свет зуеше за формирање на Суперлигата, во која би играле само најбогатите европски клубови.

Идејата за основање на Суперлигата дојде од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, и многумина беа шокирани кога во неделата на полноќ беше објавено дека е создадено ново натпреварување.

Покрај Реал Мадрид, документот за основање на Суперлигата го потпишаа уште 11 други клуба, а тоа се Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер, Милан, Челзи, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем и Ливерпул.

Ова го шокираше фудбалскиот свет затоа што се замислуваше Суперлигата да има 15 постојани учесници и уште пет кои ќе се борат за место. Но, навивачите експлицитно беа против тоа затоа што натпреварувањето е на штета на малите клубови.

После голем притисок во јавноста, многу клубови се откажаа од Суперлигата и јавно го објаснија тоа, а само Реал Мадрид, Јувентус и Барселона не се огласија.

Иако многумина сметаа дека Жоан Лапорта сигурно ќе се повлече од натпреварувањето во кое се приклучи неговиот претходник Жосеп Бартомеу, тоа не се случи. Барселона официјално ја објави оваа тема денес и го потврди опстанокот во Суперлигата.

Барса потврдува дека ќе останат во Суперлигата, но исто така наведува дека на лигата и треба многу работа и реформи. Покрај тоа, конечната одлука за учеството на клубот ќе ја донесат членовите. Исто така, се наведува дека ќе се изучуваат причините поради кои навивачите реагирале толку негативно на Суперлигата.

Исто така, се наведува дека Барселона одлучила да биде дел од Суперлигата затоа што одбивањето може да се покаже како грешка доколку проектот успее. Оваа објава многу ги разочара навивачите на Барселона кои беа сигурни дека клубот ќе се откаже од ова натпреварување.

На оваа тема зборуваше и поранешниот играч на овој клуб, Гери Линекер, кој ја критикуваше Барселона и јасно рече дека ова е ужасна изјава и мислење на каталонскиот клуб.

Facebook