Connect with us

Фудбал

Лапорта конечно проговори за Суперлигата

Published

on

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта конечно проговори и зазеде став за создавање на Суперлигата.

Од 12-те клуба кои го потпишаа договорот за создавање на ова натпреварување, остануваат само Барселона, Реал Мадрид и Јувентус, па стартот на Суперлигата е ставен во мирување.

 

Сите клубови имаа мислење за ова натпреварување во изминатите неколку дена, а денеска зборуваше и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта. Тој посочи дека Суперлигата е неопходна.

“Суперлигата е неопходна. Големите клубови вложуваат многу пари, платите на фудбалерите се огромни и тоа мора да се земе предвид”, рече Лапорта и продолжи:

“Треба да биде атрактивно натпреварување, но засновано на спортски успеси. Отворени сме за дијалог со УЕФА. Некои клубови се под притисок, но проектот за Суперлигата е сè уште тука”, истакна тој.

 

Сепак, за официјалниот став на Барселона ќе одлучат членовите на клубот, не само Лапорта.

“Најважно за нас е да ги браниме нашите интереси. Членовите на клубот ќе одлучат за сè на крајот на мај”, рече Лапорта.

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, најави дека клубовите кои работеа на создавање на Суперлигата ќе сносат последици, но тој ја издвои Барселона од другите.

Тој ги пофали односите на Жоан Лапорте, кој ја остави конечната одлука на членовите на клубот, и тие на крајот ќе одлучат без оглед на позицијата на Лапорта за потребата од создавање Супер лига.

“Ние работиме со нашиот тим на постапки против клубовите. Тоа ќе биде последица за сите. Сепак, сигурно ќе земеме предвид дека англиските клубови ја признаа грешката. Имавме 235 од 247 клуба на своја страна, сега имаме 244. Очекуваме сите да ги разберат своите грешки и да се соочат со последиците “, рече Чеферин и додаде:

“Сите ме разочараа, но да речеме дека Барселона најмалку. Жоан Лапорта немаше ништо во рацете и го направи вистинскиот потег дозволувајќи им на членовите на клубот да одлучат сè”.

Facebook