Connect with us

Фудбал

Лапорта спреми понуда за Меси која не се одбива

Фановите на Барселона веруваат дека Лионел Меси ќе остане во клубот и следната сезона.

Барселона немаше баш најдобра сезона, далеку од тоа. Без голем успех ако го исклучиме Копа дел Реј, иако во Ла Лига каталонскиот тим сепак може да стигне до титулата. Но, ќе биде тешко бидејќи и Атлетико и Реал Мадрид се во подобра позиција.

Веќе се разгледува сезоната 2021/22, а навивачите се најмногу загрижени за можноста Меси да си замине. Аргентинецот сакаше да замине уште пред оваа сезона, но на крајот остана, а сега му истекува договорот и ќе биде потполно слободен.

Ново – стариот претседател Жоан Лапорта работи на тоа да го задржи Меси во клубот. Сигурни извори од Каталонија сугерираат дека преговорите официјално започнале, а Меси ќе одговори на понудата дури по завршувањето на сезоната.

Меси се согласува на значително намалување на приходите, но сака Барселона да има тим достоен за борба за Лигата на шампионите. Лапорта му нуди 50% намалување на платата до 2023 година, но би добил нов тригодишен договор до 2026 година според кој тој би бил амбасадор на Барса во САД каде Аргентинецот сака да ја заврши својата кариера.

Исто така, Лапорта е подготвен да му вети на Меси дека ќе ја освои Лигата на шампионите во следните две сезони и дека после тоа ќе замине во САД.

Меси го сакаа ПСЖ и Манчестер Сити, тие му понудија огромни бројки, но со доаѓањето на Лапорта, Меси му рече на неговиот татко да ги прекине сите преговори со другите тимови и сега Барселона е таа што има предност. Но, за да остане, Меси сака гаранција дека овој тим ќе биде силен како и секогаш, со најдобрите играчи и дека освојувањето на сите трофеи ќе биде главна цел.

Ерик Гарсија од Манчестер Сити е договорено засилување за летото, а се очекуваат и некои големи sвезди како Халанд, Агуеро или Депај.

Реклама

Facebook