SportM
Фудбал

Лацио го продава Сергеј Милинковиќ-Савиќ за 100 милиони евра?

Д М11 јан 2023
Лацио го продава Сергеј Милинковиќ-Савиќ за 100 милиони евра?

Фото: Sergej Milinkovic-Savic of S.S. LAZIO and Sebastiano Luperto of Empoli F.C. during the 17th day of the Serie A Championship between S.S. Lazio vs Empoli F.C. on January 8, 2023 at the Stadio Olimpico in Rome, Italy.

Раководството на Лацио планира да го продаде Сергеј Милинковиќ-Савиќ, бидејќи челниците на римскиот клуб сметаат дека српскиот фудбалски репрезентативец не е целосно посветен на тимот, пренесуваат италијанските медиуми.

Милинковиќ-Савиќ има договор со Лацио до јуни следната година, а првиот човек на римскиот клуб Клаудио Лотито не сака да го продаде српскиот фудбалер за помалку од 100 милиони евра.

Италијанските медиуми потсетуваат дека Арсенал е во потрага по фудбалер, кој треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред на „топчиите“, а изборот наводно паднал на српскиот репрезентативец.

„Коријере дело спорт“ наведува дека претставници на Арсенал се во контакт со Матеј Кежман, кој е менаџер на српскиот фудбалер. Италијанските медиуми потсетуваат на изјавата на првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, кој на крајот на минатата година изјави дека не е заинтересиран за продажба на Милинковиќ-Савиќ.

Лотито рече дека играчот вреди 120 милиони евра и дека неговата цена постојано се зголемува“. Сепак, Лацио нема толку силна преговарачка позиција и не може да бара голема отштета, бидејќи српскиот фудбалер има договор со клубот до јуни следната година“, пишува италијанскиот весник.

Милинковиќ-Савиќ (27) е член на Лацио од 2015 година, а претходно настапуваше за Генк и Војводина. За римскиот клуб оваа сезона постигна пет гола на 22 натпревари. Фудбалерот на Лацио настапуваше за Србија на неодамнешното Светско првенство во Катар.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.