Connect with us

Фудбал

„Лаутаро ќе научи многу во Барселона“

Стоичков, поранешниот фудбалер на Барса, смета дека sвездата на Интер ќе има корист од преселбата на „Камп Ноу“.

Барселона го направи Лаутаро Мартинез за главна цел на летниот преоден рок.

Тој се смета како идеална замена за ветеранот Луис Суарез, кој е близу до крајот на својата кариера.

Сите веруваат дека Мартинез има квалитети да игра на „Камп Ноу“, додека легендата, Христо Стоичков, вели дека и 22-годишниот играч ќе има корист од овој трансфер, не само Барса.

Стоичков играше за Барселона во два наврати, освои пет трофеи во Ла Лига и една титула во Лигата на шампионите тогашен КЕШ куп, тој изјави за „TyC Sports“: „Мартинез има квалитет“.

„Тој ќе научи многу во Барселона. Постојат добри наставници како Луис Суарез. И ќе има добра соработка со Меси, Гриезман и Дембеле.“ 

Сепак се чини дека Италијанците нема така лесно да се откажуват од Аргентинецот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com