SportM
Фудбал

Лаутаро заминува? Нема договор за нов договор

Д М24 јан 2024
Лаутаро заминува? Нема договор за нов договор

Фото: Soccer Football – Champions League – Quarter Final – Second Leg – Inter Milan v Benfica – San Siro, Milan, Italy – April 19, 2023 Inter Milan’s Lautaro Martinez celebrates scoring their second goal REUTERS/Alessandro Garofalo – UP1EJ4J1M25GB

Интер и Лаутаро Мартинез функционираат беспрекорно. Но, она што ја расипува среќата е фактот што се уште не е постигнат договор околу продолжувањето на актуелниот договор, што ги зголемува шпекулациите дека Аргентинецот наскоро би можел да го напушти „Џузепе Меаца“.

Важечкиот договор на Аргентинецот истекува дури во јуни 2026 година, но клубот сака да го зацементира. Според агентот на играчот Алехандро Каман, договорот се уште не е постигнат.

– Лаутаро е важен во италијанскиот и европскиот фудбал и верувам дека тој и Ерлинг Хaланд се двајцата најдобри центарфори во Европа. И тоа многу му значи на Интер. Тој е напаѓач на високо ниво и не е лесно да се постигне договор. Има многу аспекти за дискусија. Сепак, ние сме мирни и постојано разговараме со Интер. Сега најважен е тимот и дека е среќен – изјави Камано.

За Лаутаро се заинтересирани многу екипи, а оваа вест сигурно уште повеќе ќе ги загрее. Аргентинецот постигна 21 гол и забележа пет асистенции на 27 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.