Connect with us

Ракомет

Лазаревски: Можевме поубедливо да славиме против Словачка!

Машката македонска репрезентација ја потврди фаворитската улога во баражот со Словачка синоќа во Прешов и оствари победа од 31:24 и со тоа е чекор поблиску до пласман ново учество на Светско првенство. Избраниците на Кирил Лазаров ќе имаа сега обврска в недела во Скопје пред домашна публика да ја повторат добрата игра.

–  Имавме прилика да биде и поубедлива победата, малку жалам и за исходот. Да беше поубедливо ќе бевме и покомотни во Скопје. Но, секако дека ќе стартуваме од нула, таков пристап ќе имаат сите ракометари. Покажавме дека сме поквалитетна репрезентација од Словачка. Верувам во нашиот тим, а во Скопје ни останува да го потврдиме учеството на уште едно големо натпреварување, изјави Милан Лазаревски, кој постигна седум голови.

Реванш натпреварот се игра в недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.