Connect with us

Ракомет

Лазаров пред мечот со Словачка: Подготвени сме (ВИДЕО)

Селекторот на македонката машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров очекува исцрпувачки и тензичен натпревар вечерва против Словачка во баражот за пласман на Светското првенство 2027.

Лазаров посочи дека македонските ракометари се свесни за важноста на дуелот против неатрактивен, но квалитетен противник.

„Влогот е огромен. Изминатата деценија постојано сме присутни на светските и европските првенства и тоа е дополнителен притисок за нас. Словачка е неатрактивен противник, но тоа не значи дека не е квалитетен. Напротив, мислам дека треба да го почитуваме секој противник“, изјави Лазаров.

Селекторот наведе дека репрезентативците се подготвени да го дадат максимумот на дуелот во Прешов и да обезбедат поволен резултат пред реваншот на 17 мај во Скопје.

„Секогаш е тешко да се игра на гости, затоа очекувам тврд и физички тежок натпревар, со многу тензии. Но, сметам дека искуството е на наша страна кога станува збор за вакви натпревари“, додаде Лазаров.

Натпреварот во „Татран Арена“ започнува во 19 часот.