Ракомет
Лазаров: Сите имаме добри спомени од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така
Македонија на СП 2025 се најде во Група Д со Унгарија, Холандија и Гвинеја. Мечевите ќе се играат во Вараждин, Хрватска каде репрезентацијата има добри спомени. Селекторот Кире Лазаров со прва реакција.
-Од прв и втор шешир добивме доста квалитетни репрезентации. Секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни пред се со фактот дека ќе играме во Хрватска и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи. Сите имаме добри спомени од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така. Имаме доста време да се подготвиме квалитетно за Светското Првенство, вели Лазаров.
Светското првенство се игра од 14 јануари до 2 февруари следната година