„Ле Парисиен“: ПСЖ и Интер го договорија трансферот на Икарди

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди премина во ПСЖ минатото лето на позајмица од Интер.
Икарди беше брилијантен во првиот дел од сезоната, откако постигна дури 18 гола, но не се снајде добро во остатокот од сезоната. Поради тоа, се повеќе се шпекулираше дека ПСЖ нема да го купи неговиот договор и дека Аргентинецот ќе се врати во Интер.
Но, за клубот од Меаца тоа беше најлошиот исход затоа што Икарди беше одамна шречкртан во тој клуб. Тие контактирале со ПСЖ и рекоа дека се подготвени да го намалат цената за Икарди, кој изнесуваше 75 милиони евра.
„Ле Парисиен“ вечерва пишува дека преговорите меѓу Интер и ПСЖ напредуваат добро, и дека наводно е договорен трансферот. Икарди ќе остане во ПСЖ и ќе потпише четиригодишен договор.
Интер веднаш ќе добие 50 милиони евра, додека преку разни бонуси ќе добијат дополнителни десет милиони евра. Исто така, француските медиуми пренесуваат дека на Ванда му се допаднале неколку објави на Инстаграм во кои се вели дека трансферот е завршен.
Икарди одигра 31 натпревар за ПСЖ и постигна 20 гола. Неговото пристигнување е уште еден доказ дека Единсон Кавани ќе го напушти клубот ова лето.



