„Ле Паризиен“: Гризман збеснал кога дознал зошто Барселона сака да го ангажира
Д М20 јун 2019

Француски „Ле Паризиен“ пишува дека Барселона сака да го ангажира Антоан Гризман, но причината поради која планира да го направи тоа го налутила Французинот.
Наводно, Каталонците планирале да го купат Гризман, а потоа да го искористат во голема размена со ПСЖ за бразилската ѕвезда Нејмар, кој веќе некое време се поврзува со враќање во Каталонија.
Французите пишуваат дека Гризман што го дознал тоа, веднаш одбил такво нешто, зашто не сака да се пресели во ПСЖ поради неговите лоши односи со сонародникот Килијан Мбапе.
ПСЖ неодамна постави и цена за Бразилецот, доколку некој планира да го откупи, а таа е неверојатни 300 милиони евра.
Извор: sport1.mk
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



