SportM
Фудбал

Леао постигна гол за победа на Милан, сакаше да го соблече дресот, ама… (ВИДЕО)

E R20 окт 2025
Леао постигна гол за победа на Милан, сакаше да го соблече дресот, ама… (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Рафаел Леао се опорави од повредата и му донесе победа на Милан над Фиорентина, а по победничкиот гол што го постигна, беше автор на интересна сцена.

Најскапиот фудбалер на Милан, Рафаел Леао, го пропушти почетокот на сезоната, а потоа постепено почна да влегува од клупата. Вистинскиот сјај на неговиот талент го видовме дури синоќа, кога блесна играјќи од првата минута и донесе пресврт за „Росонерите“.

Милан губеше до 63. минута од натпреварот против Фиорентина, но Леао со голови во 63. и 86. минута донесе целосен пресврт, победа од 2:1 и искачување на врвот на табелата во италијанската Серија А.

При прославата на вториот гол на Росонерите, Леао почна да го соблекува дресот. Сепак, неговиот соиграч Матео Габија не му го дозволи тоа.
Следуваа неколку комични секунди – Леао на сила се обидуваше да го соблече дресот и не знаеше каде точно „запна“, додека Габија со двете раце го задржа и не му дозволи да го соблече.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.