SportM
Фудбал

Легенда на Јунајтед: „Потребен ни е Кејн повеќе од Санчо“

Д М3 сеп 2020
Легенда на Јунајтед: „Потребен ни е Кејн повеќе од Санчо“

Легендарниот играч на „црвените ѓаволи“, Гери Невил, верува дека неговиот поранешен клуб треба да ги насочи сите напори на доведување на Хери Кејн.

Суперталентираниот играч на Борусија, Џејдон Санчо веќе подолго време се поврзува со Манчестер Јунајтед, но тој сепак е жител на Дортмунд.

Челниците на Милионерите јасно им ставија до знаење на Јунајтед, но и на другите клубови дека немаат намера да го пуштат под 100 милиони евра.

“Не мислам дека на клубот му треба толку многу Санчо, туку играч кој е вистинската мерка за овој клуб. Според мене, тоа е дефинитивно Хери Кејн. Челниците на клубот треба да сторат сè за да го доведат”, рече Невил.

Долго време, името на Кејн беше поврзано со Олд Трафорд. Имаше неколку обиди да се ангажира, но сите преговори пропаднаа.

Инаку, Манчестер Јунајтед вчера го донесе првото засилување за следната сезона, младиот Дони ван Де Бик од Ајакс за 35 милиони фунти.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.