Connect with us

Фудбал

Легендарниот фудбалер нешто знае? „Слушнав дека Лампард ќе го добие Меси“.

Откако Лионел Меси поднесе барање за раскинување на договорот во Барселона, се појавија шпекулации за тоа во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Споменати се многу одлични тимови, претежно оние кои се во можност да ги исполнат условите на Аргентинецот. Во првиот ред Манчестер Сити, ПСЖ, потоа Манчестер Јунајтед, потоа Јувентус и сега Челзи.

Челзи донесе неколку големи sвезди како Тимо Вернер ова лето, треба да дојдат Тиаго Силва и Каи Хаверц, а сега се шпекулира дека Лампард е на пат кон – Меси! Ова го откри легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд.

„Слушнав дека Лампард се упатува кон Меси“, напиша Фердинанд на својот профил на Твитер.

loading...

Исто така, на Твитер кружат слики кои докажуваат дека Меси го следел Челзи од неговиот официјален профил на Инстаграм. Премногу е рано да се предвиди ништо сега, но ќе биде интересно да се следи развојот на целата ситуација.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com