Легендарниот јапонски играч ја заврши кариерата на 44 години

Еден од најдобрите јапонски фудбалери на сите времиња Шинџи Оно денеска на 44-годишна возраст ја заврши кариерата.
Неговата кариера заврши со пораз на неговиот клуб Хокаидо Сапоро од Урава со 0:2 во најквалитетната јапонска лига.
Оно беше првиот јапонски фудбалер кој освоил европски трофеј, во 2002 година, играјќи за Феенорд против Борусија Дортмунд во финалето на Купот на УЕФА.
Офанзивниот играч за врска играше подеднакво добро со левата и десната нога, а заедно со Хидетоши Наката и Казујоши Мијура го предводеше бранот јапонски фудбалери кои дојдоа во европските клубови во деведесеттите и почетокот на 2000-тите.
Оно, чиј прекар беше „Гениј“, одигра 56 натпревари за јапонската репрезентација од 1998 до 2008 година и постигна шест гола.
Играше на три светски првенства.
Тој во 2000 година беше прогласен за најдобар фудбалер во Азија, а играше и за Урава, Феенорд, Бохум, Шимица, Вестерн Сиднеј и Рјукју.



