Легендарниот капитен на Реал Мадрид има нова работа

Еден од најистакнатите шпански фудбалери на сите времиња кариерата ќе ја продолжи во Мексико.
Фернандо Иеро 14 години беше играч на Реал Мадрид, со кој освои пет титули во Шпанија и три Лига на шампиони. Неговите играчки години се доста далечни, а овој 54-годишник остана активен во фудбалот како тренер.
Помеѓу 2014 и 2015 година беше помошник тренер на Реал Мадрид, потоа раководеше со Овиедо, а беше и шпански тренер, а ја извршуваше и функцијата спортски директор во репрезентацијата на својата земја.
Во последните години тој се повлече од очите на јавноста, а сега се врати и ќе работи како спортски директор во тимот на Депортиво Гвадалахара во Мексико. Овој клуб на многумина ќе им биде познат како Чивас.
Несомнено е дека пред него има тешка задача. Чивас се смета за најпопуларен мексикански клуб, а во 2016 година едно истражување меѓу Мексиканците покажа дека 44 отсто од сите жители на оваа земја го поддржуваат.
Секако, очекувањата се големи, а Иеро како спортски директор ќе се обиде да придонесе за успешно работење на клубот, но и за освојување трофеи.
ЦД Гвадалахара е основано во 1906 година и игра на стадионот Акрон, кој може да собере речиси 50.000 гледачи.
Овој познат клуб има девет титули во националниот шампионат, двапати го освои Купот, еднаш Суперкупот…
🐐 Aquí comienza una nueva era del Guadalajara.
¡Bienvenido al equipo equipo más mexicano, Fernando Hierro!
➡️ https://t.co/keQuX0xnyw#ChivasDeHierro ⚔️🛡 pic.twitter.com/dwtLEC83NH— CHIVAS (@Chivas) October 17, 2022



