Легендарниот Пеле излегува од болница
Д М30 сеп 2021

Легендарниот Бразилец Пеле наскоро ќе излезе од болница.
Ова го потврди неговата ќерка Кели Насименто. Така, Пеле ќе ја напушти болницата во Сао Паоло и ќе го продолжи закрепнувањето во својот дом.
Пеле беше хоспитализиран на 31 август, а првата прогноза во тоа време не беше ветувачка.
Тоа беше проблем со тумор на дебелото црево и беше откриен за време на рутински медицински преглед.
Единствениот фудбалер во историјата кој трипати ја освои светската титула тогаш имаше проблеми со дишењето, а сега е многу подобар.
Тој наскоро ќе го прослави својот 81 роденден.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



