Connect with us

Тајмаут

Легендарниот Ромарио во врска студентка, 38 години помлада од него!

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Бразилецот Ромарио (59), повторно се најде во центарот на вниманието на бразилската јавност поради љубовниот живот.

Најдобриот светски фудбалер за 1994 година, по избор на ФИФА, се женеше три пати и има седум деца, од кои едното е вонбрачно, а со години беше во друштво на помлади жени. Сепак, неговата последна врска привлече големо внимание бидејќи избраничката на неговото срце е 21-годишната студентка Алиција Гомес. Иако Ромарио се обиде да ја сокрие врската со 38 години помладата девојка, не успеа, а тие веќе неколку пати беа видени во јавноста, а Гомес ги заклучи нејзините профили на социјалните мрежи. Ромарио, кој постигна 55 гола на 70 настапи за бразилската репрезентација, влезе во политиката по завршувањето на кариерата, а сега е сенатор на државата Рио де Жанеиро.