Легендарниот Шевченко се враќа на теренот: „Ова е мојот најважен натпревар“

Поранешниот украински репрезентативец Андриј Шевченко следниот месец ќе игра против Англија.
Шевченко е поранешен напаѓач на Киевско Динамо, Милан и Челзи, а во 2004 година славниот Украинец ја освои Златната топка.
Тој на 12 јуни во Лондон ќе одигра пријателски натпревар против Англија со останатиот дел од украинската репрезентација.
„Се вратив, ова е мојот најважен натпревар“, рече Шевченко во видеото за промоција на средбата во Лондон.
Се пензионираше во 2012 година, но во меѓувреме стана селектор, ја водеше репрезентацијата на Украина со која стигна до четвртфиналето на ЕП 2020, а подоцна неуспешно беше тренер на Џенова во Серија А.
Натпреварот во Лондон ќе и послужи како дополнителна помош на завојуваната Украина
Славниот напаѓач остави најголема трага во Милан со кој го освои Скудетото и Лигата на шампионите, а со Челзи играше и во финалето на Лигата на шампионите. Со матичниот клуб Динамо пет пати беше шампион на Украина.
Look who answered the call! 👀
Andriy Shevchenko (@jksheva7) is back with #SoccerAid for @unicef_uk this summer. 💙💛
📆 12 June
🏟️ @LondonStadium
🎟️ https://t.co/TFDwZ3rhoy pic.twitter.com/EERUb34jG8— Soccer Aid (@socceraid) May 3, 2022



