SportM
Фудбал

Легендарниот Загало во болница

Д М30 авг 2023
Легендарниот Загало во болница

Легендарниот бразилски фудбалер Марио Лобо Загало (92) е во болница поради инфекција на уринарниот тракт, но неговата состојба „поволно се развива“, соопштија денеска од приватната клиника каде што се лекува во Рио де Жанеиро.

Влезе во историјата на фудбалот како прв кој ја освоил титулата светски шампион и како играч (1958 и 1962) и како тренер (1970).

Според последниот медицински извештај од понеделникот, Загало добро закрепнува, „луциден е и не е на вентилаторска поддршка“.

Пред една година тој мина две недели на полуинтензивна нега на истата клиника поради респираторна инфекција.

По него, само уште двајца луѓе успеаја да ја освојат титулата светски шампион како играч и тренер, Германецот Франц Бекенбауер (1974 и 1900 година) и Французинот Дидие Дешамп (1998 и 2018 година).

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.