Поврзи се со нас

Фудбал

Легендата на Ливерпул „распали“ по Погба: Тој не е врвен играч

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер, зборуваше за играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, и тоа не со многу одбрани зборови.

Имено, поранешниот дефанзивен играч на „црвените“ смета дека Погба не е голем фудбалер, и дека ако е на позиција на „црвените ѓаволи“ би размислил да го продаде.

 
„Тој веројатно никогаш не блескаше на која било позиција или во која било тактичка шема под водство на разни тренери. Дали би го донел во Манчестер Јунајтед? Не Тој има големо име, дојде за многу пари, но мислам дека тој не е одличен фудбалер “, рече Карагер.

“Луѓето велат дека тој го освоил Светскиот куп 2018, јас го разбирам тоа. Но, кога тој потпиша, мислев дека може да има исто влијание врз тимот како Лампард во Челзи, Џерард во Ливерпул, Јаја Туре во Манчестер Сити. Овие играчи ги водеа тимовите до победи во Премиер лигата. Го сметаа за играч способен да го подигне Манчестер Јунајтед на повисоко ниво. Некои ќе речат дека притисокот е преголем, но вака ни се претставува. Тој едноставно не успеа да игра добро во Манчестер Јунајтед. Би размислувал да продадам “, додаде Карагер.

 

loading...

Facebook