SportM
Фудбал

Легендата најави голема одлука: „Заминувам мирен и среќен“

Д М12 мај 2022
Легендата најави голема одлука: „Заминувам мирен и среќен“

По 10 години, торински Јувентус остана без барем еден трофеј во сезоната, а Старата дама синоќа беше поразена во финалето на италијанскиот куп од Интер со резултат 4:2.

Легендарниот Џорџо Киелини за прв пат по една деценија остана без трофеј, а искусниот 37-годишен дефанзивец по поразот од Интер објави дека си заминува од Јуве по 18 години минати во клубот.

„Ќе се збогувам на нашиот стадион во понеделник, но можеби тогаш ќе одиграм уште една минута во Фиренца. Заминувањето е 100 отсто мој избор. Го напуштам клубот мирен и среќен“, изјави Кјелини по натпреварот.

Киелини е тажен што заминува по сезона без трофеј.

 

“Тажно е да се заврши сезоната без трофеј по 10 години. Сепак, мораме да го прифатиме тоа бидејќи добивме нешто внатре. Нешто тргна наопаку, но искрено, се уште сме далеку од доминација”, рече Киелини.

Киелини стана член на Јувентус во 2004 година. Тој пристигна од Ливорно, а потоа беше префрлен на позајмица во Фиорентина.

 

По враќањето во Торино, тој стана икона на клубот и човек без кој „бјанконерите“ не можеа. Тој стана и капитен на клубот, а вкупно за Старата дама настапи 558 пати и постигна 36 гола.

 

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.