Поврзи се со нас

Фудбал

Лео Меси вели дека повеќе не е опседнат со головите

Лионел Меси изјави дека сега е „помалку опседнат со головите“ и дека во оваа фаза од својата кариера тој е повеќе фокусиран на игра за тимот.

33-годишниот е најдобриот стрелец во историјата на клубот, Барселона, со 635 погодоци на 734 настапи, додека исто така има придонесено за 256 асистенции за 16 сезони во Барса.

Аргентинецот секогаш постигнуваше многу голови, се додека минатата сезона не собори историски рекорд во Ла Лига по асистенции, затворајќи го изданието со 21 асистенција.

Денес, 33-годишниот играч вели дека помалку размислува за головите и дека сега има поголема желба тимот да победи, а не кој постигнува гол.

„Денес сум помалку опседнат со головите, се обидувам да придонесам колку што можам во тимот “, изјави тој за „Гарганта Подероса“.

Тој тогаш имаше уште неколку зборови за пандемијата.

„Во оваа пандемија, треба да ги имаме барем сите основни потреби како вода, храна и електрична енергија“, додаде напаѓачот, кој донираше околу 1 милион евра претходно оваа година за да помогне во борбата против коронавирусот.

„Нееднаквоста е најголемиот проблем на нашето општество и сите треба да работиме заедно за да го решиме тоа“, заврши Меси.

Advertisement

Facebook

Реклама