SportM
Фудбал

Леонардо: Среќни сме со Икарди, на крајот тој одлучува!

Д М16 дек 2019
Леонардо: Среќни сме со Икарди, на крајот тој одлучува!

Менаџерот на ПСЖ, Леонардо зборуваше со суперлативи за аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди.

Тој редовно настапува со францускиот состав, каде стана неоспорен играч во составот на Томас Тухел.

Леонардо ја пофали брзата адаптација на поранешниот капитен на Интер.

„Мауро се адаптираше многу брзо, игра добро и постигнува редовно. Тој е човек кој се жртвува и работи напорно на теренот за да биде во вистинската позиција. Неговото останување зависи од него, но верувам дека има време до крајот на сезоната “, рече Леонардо.

Икарди досега има одиграно 16 натпревари во сите натпреварувања за ПСЖ во сезоната 2019/20.

Тој има постигнато 13 гола и двапати асистираше.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.