Connect with us

Фудбал

Лестер славеше на Олд Трафорд, Манчестер Сити нов шампион на Англија!

Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва официјално се нови шампиони на Англија.

На Сити му требаше Манчестер Јунајтед да не го победи Лестер за да ја официјализира титулата. Како што гостите во Театарот на соништата славеа со 2:1, така и „Граѓаните“ станаа официјални шампиони.

Јунајтед претрпе пораз во мешаниот состав и без добар дел од клучните играчи. Лестер поведе со дебито на Томас, но Гринвуд израмни на 1-1 пред паузата.

Во 66. минута Сојунку со глава нафрлидо  Олбрајтон од корнер за победа на Лестер.

Лестер изби на третото место со 66 бода, а Јунајтед е сеуште втор со 70 бода. Лидер е Сити со 80 поени, што математички ја обезбеди титулата на три кола пред крајот.

Сити сега сè уште го чека финалето во Лигата на шампионите на 29 мај против Челзи.