SportM
Фудбал

Летниот рок треба да започне на крајот на август

Д М28 апр 2020
Летниот рок треба да започне на крајот на август

Пандемијата на коронавирус целосно ги смени сите планови за оваа и за следната фудбалска сезона.

Фудбалот во скоро цела Европа е сè уште на пауза, но некои лиги треба да продолжат следниот месец. Јасно е дека целта е да се заврши сезоната, но поради тесниот распоред некои работи сигурно ќе мора да се променат.

Летниот преоден рок, кој традиционално започна на 1 јули, ќе иде променет. Овој пат тој ќе биде преместен и треба да започне кога ќе заврши оваа сезона.

Англиските медиуми пишуваат дека летниот рок идеално ќе започне на крајот на август кога ќе завршат првенствата во скоро сите европски лиги.

Се очекува дека ќе бидат потребни нешто помалку од два месеци клубовите да имаат доволно време да го подготват својот тим на играчи за новата сезона. Јасни датуми околу летниот рок ќе бидат познати откако ќе продолжуват лигите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.