Лева има порака за Гави: „Учи англиски!“

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски го советува талентираниот соиграч Гави да почне да учи англиски јазик.
Не е чудно што на латиноамериканските и шпанските фудбалери им е тешко да учат англиски.
Како најдоминантен јазик во светот, англискиот е незаменлив, смета Левандовски, па затоа го советувал Гави да го научи за да се подобри и како фудбалер и како личност.
„Совет за Гави – за почеток нека научи англиски. Ако сакаш да бидеш признат меѓународно, мораш. Во моментов учам шпански, а види колку години имам. Англискиот е полесен за учење. Фудбалската мудрост се дели преку јазикот. Му реков дека тоа не е ништо, тој успеал, најважно е што следува “, рече Левандовски.
Левандовски течно зборува англиски, германски, полски и добро го владее шпанскиот јазик.



