SportM
Фудбал

Левандовски ја носеше капитенската лента во боите на Украина, па се огласи на Инстаграм

Д М27 фев 2022
Левандовски ја носеше капитенската лента во боите на Украина, па се огласи на Инстаграм

Баерн синоќа на гостински терен го победи Франкфурт со 1-0.

Баварците успеаја да постигнат три бода повеќе од очекуваното, а херој беше Лерој Сане кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 71. минута.

Сепак, и по овој натпревар во центарот на вниманието беше Роберт Левандовски, кој синоќа ја носеше капитенската лента.

Левандовски се најде во центарот на вниманието бидејќи капитенската лента беше во боите на украинското знаме и на овој начин им даде поддршка на жителите на Украина кои веќе неколку дена се борат против Русија.

Полскиот напаѓач со овој потег ја воодушеви светската јавност, а по натпреварот се огласи со јасна порака.

„Како спортист не можам да се преправам дека ништо не се случува. Стојам покрај Украина“, изјави напаѓачот на Баерн по мечот во Франкфурт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9)

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.