SportM
Фудбал

Левандовски постигна четири гола против Звезда, а потоа се огласи: Морам да ти признаам нешто…

Д М27 ное 2019
Левандовски постигна четири гола против Звезда, а потоа се огласи: Морам да ти признаам нешто…

Баерн ја собори Црвена Звезда со висока победа од 6-0 на Маракана синоќа во натпревар од Групата Б во Лигата на шампионите.

По првото полувреме Баварците водеа со голот на Горецка, а потоа постигнаа уште пет гола, од кои четири беа на Роберт Левандовски.

Напаѓачот на Баерн оваа сезона е брилијантен, потврдувајќи го ова уште еднаш во натпреварот против Звезда кога ја затресе мрежата на противникот четири пати за само 15 минути.

Полјакот има постигнато 32 гола во сите натпреварувања оваа сезона, вклучително и настапи за неговата репрезентација и е незапирлив.

По натпреварот против Црвена Звезда, Левандовски се појави на социјалните мрежи и напиша:

„Морам да ви признаам нешто, зависен сум од постигнувањето на голови“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.