SportM
Фудбал

Левандовски стана трет стрелец во Лигата на шампионите во историјата

Д М24 фев 2021
Левандовски стана трет стрелец во Лигата на шампионите во историјата

Синоќа германскиот гигант Баерн направи голем чекор во 1/4 финалето од Лигата на шампионите, совладувајќи го Лацио со убедливи 4:1 во Рим.

После подарокот од домашната одбрана, одличниот Полјак Роберт Левандовски ја пронајде мрежата на Лацио.

Веќе во 9-та минута популарниот Лева казни невнимателно додавање од Матео Мусаки, го заобиколи Реина и ја заби топката во мрежата. Тоа беше 72. гол на Полјакот во Лигата на шампионите, кој ја надмина легендата на Реал, Раул Гонзалес на списокот на играчи со најмногу голови во Лигата на шампионите. Над големиот Левандовски сега има само две имиња, и не е тешко да се погоди кое. Кристијано Роналдо е убедливо на врвот со 134 голови додека Лионел Меси постигна 15 помалку и го држи второто место со 119 голови во најелитното фудбалско клупско натпреварување во Европа.

Машината на Баерн сигурно нема да запре на оваа бројка, но Роналдо и Меси навистина поминаа долг пат. Напаѓачот на Реал, Карим Бензема е на петтото место.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.