SportM
Фудбал

Левандовски веќе си го исполни бонусот, Барса мора да му плати на Баерн!

Д М26 фев 2023
Левандовски веќе си го исполни бонусот, Барса мора да му плати на Баерн!

Барселона мора да му плати на Баерн бонус од 1.250.000 евра според договорот за трансферот на Полјакот Роберт Левандовски.

Како што дознава „Каталуња радио“, договорот за трансферот на Левандовски од Баерн во Барселона вклучувал бонус од 1,25 милиони доколку 34-годишниот Полјак постигне 25 гола во сите натпреварувања во тековната сезона.

Во реваншот од осминафиналето на Лига Европа на „Олд Трафорд“, Левандовски во четвртокот постигна гол од пенал во поразот од Манчестер Јунајтед со 2:1, што значеше и елиминација на Барселона, а тоа беше негов 25 гол во 30 натпревари оваа сезона.

Максималниот износ на бонус е 5.000.000, по 1.250.000 за четирите сезони од договорот на Полјакот со Барса.

Трансферот на Левандовски ја чинеше Барселона 45.000.000 евра, но без тој бонус.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.