SportM
Фудбал

Левандовски зборуваше за напуштање на Баерн: „Би сакал да учам нови јазици и култури…“

Д М11 јун 2021
Левандовски зборуваше за напуштање на Баерн: „Би сакал да учам нови јазици и култури…“

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ова лето би можел да се најде на мета на неколку европски гиганти.

Левандовски обезбедува фантастични игри во дресот на Баерн, а минатата година беше прогласен за најдобар играч на светот откако освои се што можеше со Баварците.

32-годишниот напаѓач има двегодишен договор со Баерн, но последните денови се шпекулираше дека може да го напушти Минхен.

Марка објави дека Реал Мадрид уште еднаш покажал голем интерес за Левандовски и дека Флорентино Перез ќе се обиде да го донесе, доколку Килијан Мбапе остане во ПСЖ.

Покрај Реал Мадрид, искусниот полски напаѓач е поврзан и со ПСЖ и Манчестер Сити, но јасно е дека Баерн нема да го пушти толку лесно.

Новинарите отворено го прашаа Левандовски дали ќе го напушти Баерн ова лето, а тој даде прилично интересен одговор.

“Размислувам за сите опции. Се чувствувам добро во Баерн и го сакам овој град. Тоа е одличен клуб. Сепак, отсекогаш сум бил љубопитен да учам нови јазици и култури. Но, не знам дали ќе се случи за време на мојата играчка кариера или после тоа “, рече Левандовски.

Јасно е дека Перез сака да донесе неколку звучни засилувања ова лето, но се чини дека не му е лесно како порано.

ПСЖ неодамна изјави дека Килијан Мбапе не е на продажба и дека тој дефинитивно ќе остане во клубот, а исто така е јасно дека Баерн нема да реагира поинаку и да го продаде својот најдобар играч.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.