Connect with us

Фудбал

Лидс се засили од Арсенал

Новиот член на Премиер лигата, Лидс Јунајтед, од Арсенал го доведе играчот кој е голема надеж на англискиот фудбал, Сем Гринвуд.

Трансферот на 18-годишниот офанзивен играч кој играше за младиот тим на Арсенал го потврди и клубот од Лондон.

Неофицијално, Арсенал ќе собере 1,5 милиони фунти во име на обештетување, но обештетувањето со бонусите може да се зголеми на 3 милиони фунти.

Гринвуд пристигна во Арсенал пред две години од Сандерленд, а откако беше реализиран трансферот, тој на својот твитер профил објави:

“Сакам да му се заблагодарам на Арсенал и неговите фанови за прекрасните две години од мојата кариера. Голема чест беше да играм за Арсенал”.

По пристигнувањето во Арсенал, Гринвуд играше за екипата на У-18, а по добрите игри, беше префрлен во У-23. Тој одигра 20 натпревари за младинските репрезентации на Англија и постигна 13 голови.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com