Connect with us

Фудбал

Лингард сака да го напушти Манчестер Јунајтед, следната дестинација Италија?

Екипата на Манчестер Јунајтед очекува бројни измени во следниот трансфер период, барем ако се верува на англиските медиуми.

Многу играчи се поврзани со Манчестер Јунајтед, а некои од нив се и Џејдон Санчо, Џек Грелиш и Саул Нигез.

Сепак, ќе има заминувања од „Олд Трафорд“, а меѓу првите би можел да оди Џеси Лингард, која е во овој клуб долги години.

Имено, тој се плаши за својата позиција во Манчестер Јунајтед, и е подготвен да го смени средниот ред за да има повеќе минути.

Така, тој скоро сигурно ќе тргне за Италија, каде неколку клубови се распрашуваат за неговите услуги, а фаворит да го донесе е Интер.