Лингард заминува на нова позајмица
Д М10 авг 2021

Англискиот репрезентативец Џеси Лингард нема среќа на „Олд Трафорд“.
По одличните настапи на позајмица во Вест Хем, Манчестер одлучи да го врати, но изгледа дека ќе го испратат на нова позајмица.
Наводно, споменатиот напаѓач би можел да замине во Лестер Сити на позајмица на една сезона со можност да потпише договор, поточно, летото 2022 година, Лисиците ќе го откупат неговиот договор.
Лестер исто така се огради околу Џејмс Медисон кого Арсенал го сака. Тие им поставија цена на „топџиите“ од 70 милиони евра, што ќе биде тешко да го прифати тимот од Лондон.
Евидентно е дека во Лестер сакаат да направат уште поконкурентен тим оваа сезона, кој го отворија со победата на Комјунити Шилд со триумф против Манчестер Сити со резултат 1:0.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



